"На одделението за Гинекологија и акушерство - Охрид, ведрината и среќата ни ја
споделија 120 семејства. Горди сме што сме дел од Вашата приказна, продолжуваме да ја градиме довербата.
Впрочем, за тоа и сме тука - за Вас.
Дополнително, зголемен е и обемот на гинеколошки интервенции вклучувајќи ги и
хистероскопските интервенции, што од неодамна за прв пат ги воведовме во регионот.
Следниот чекор ни е воведување на лапароскопски операции, како и унапредување на
квалитетот на породувањето со епидурална и спинална анестезија. Современите пристапи и новите третмани
веќе даваат конкретни и позитивни резултати" изјави Д-р Мимоза Влаши раководител на одделението за Гинекологија и акушерство.