Набавена нова медицинска опрема во ЈЗУ Општа болница Охрид

  Ве информираме дека болницата доби нова современа медицинска опрема, со што значително се унапредува квалитетот на здравствената услуга и безбедноста на пациентите.

  🔹 7 најсовремени пациентски монитори, распределени на:

  • Анестезија и Интензивно лекување

  • Неврологија

  • Интерна медицина

  • Гинекологија и Акушерство

  

  🔹 Аспиратори за сукција – вкупно 4:

  • 2 аспиратори за возрасни пациенти – за Оддел Анестезија и Интензивно лекување и Интерно одделение

  • 2 педијатриски аспиратори – за Неонатологија и Педијатрија

  

  🔹 Инфузиони пумпи и перфузори – вкупно 8 уреди:

  • 4 инфузиони пумпи

  • 4 перфузори

  Распределени на Оддел Анестезија и Интензивно лекување и Интерно одделение, за обезбедување прецизна и сигурна терапија, особено кај критично болни пациенти.

  

  🔹 Гасни анализатори – вкупно 2:

  • 1 за Оддел Педијатрија

  • 1 за Оддел Анестезија и Интензивно лекување

  Овие уреди овозможуваат брза и точна анализа, неопходна за навремена процена на респираторниот и метаболниот статус на пациентите.

  

  Оваа опрема претставува голем чекор напред во унапредувањето на квалитетот на здравствената услуга и директно придонесува за подобра, побрза и побезбедна грижа за сите пациенти