Овие активности се дел од континуираните напори за унапредување на болничката
инфраструктура и подобрување на квалитетот на здравствената грижа, особено за највозрасната и
најранливата група пациенти.
Реновирањето опфати целосна замена на подовите, санација и уредување на ѕидовите,
како и промена на дограмата, со цел обезбедување подобри услови за престој, зголемена безбедност и
поголем комфор за нашите пациенти.
Реализацијата на овој проект беше овозможена со дел од средства
обезбедени од сопствениот буџет на установата, како и дел од донација на DNC Balkans & Europe, на
која искрено ѝ се заблагодаруваме за поддршката и придонесот во унапредувањето на болничките услови.
Посебен и емотивен момент го одбележа крајот на денот на отворањето на реновираните
болнички соби, кога нашиот пациент Дедо Божин во топла и пријатна атмосфера го прослави својот 82-ри
роденден. Овој настан уште еднаш потсети дека болницата не е само место за лекување, туку и простор
за човечка грижа, внимание и достоинство.
Во наредниот период продолжуваме со понатамошно реновирање, дел по дел, на останатите
болнички простории, со јасна цел создавање побезбедна, похумана и поквалитетна болничка средина за
пациентите и персоналот.