VI Меѓународен конгрес на медицински сестри, техничари и акушерки – Охрид 2026

  Три дена исполнети со знаење, размена на искуства, професионални средби и нови идеи за развој и унапредување на сестринството.

  Особено значајно за нас беше активното стручно учество на претставниците од ЈЗУ Општа болница Охрид, кои преку своите излагања споделија искуства и предизвици од секојдневната сестринска практика:

    -Билјана Андоноска – главна медицинска сестра на ЈЗУ Општа болница Охрид

    „Сестринско лидерство во современиот здравствен систем“

    -Милка Маленко – одговорна медицинска сестра на Хируршкото одделение

    „Менаџирање на здравствената грижа во услови на дефицит на медицински персонал:

    предизвици, стратегии и превенција на професионалната исцрпеност“

    -Ангела Апостолска – медицинска сестра на Хируршкото одделение

    „Влијанието на работниот стрес врз квалитетот на сестринската грижа“

  

  Три различни теми, но со заедничка цел – силно сестринство, добра организација, професионален развој и квалитетна и безбедна грижа за пациентите.

  Посебна вредност на Конгресот беше присуството на младите генерации – идните медицински сестри и техничари. Нашата одговорност е знаењето и искуството да ги пренесуваме понатаму, да ги поддржуваме младите и да создаваме генерации кои ќе ја развиваат и унапредуваат професијата.

  „Професија што инспирира грижа, посветеност што менува животи.“

#Сестринство #Охрид2026 #МедицинскиСестри #ЈЗУОпштаБолницаОхрид #СестринскоЛидерство