Новиот интегриран апарат за биохемиски и имунолошки анализи кој меѓудругото е прв од ваков вид во нашиот регион,
сместен во одделот за Биохемиско- лабораториска медицина претставува современо и ефикасно решение со висока точност, брзина и сигурност
во дијагностиката. Апаратот овозможува автоматизирано извршување на широк спектар биохемиски и имунолошки тестови на еден систем,
со минимална потреба од рачна интервенција.
Со напредна технологија, висока репродуктивност на резултатите и брзиот софтвер за управување со податоци, интегрираниот
систем ја подобрува работната ефикасност и го намалува времето на анализа. Обезбезбедува сигурни резултати кои се клучни за точна и
навремена медицинска одлука.
Новиот хематолошки бројач со CRP и седиментација овозможува прецизна и брза анализа на диференцијална крвна слика со
показатели на воспалителни процеси во телото. Апаратот обезбедува сигурни резултати, автоматизирана работа и зголемена ефикасност во
болничките и лабораториските услови, придонесувајќи за навремена и точна дијагноза.
Ова само претставува дел од проектите кои што во блиска иднина ќе се реализираат на ова одделение.