Вработените во ЈЗУ Општа болница Охрид, обединети со заедничка хумана цел, реализираа акција
за поддршка на малата Ева од Охрид, која води тешка и храбра борба.
• Синдикалната организација на ЈЗУ Општа Болница – Охрид донираше 120.000 денари,
• а дополнително беа собрани уште 66.700 денари преку доброволни донации од вработените, поставени
во кутии на одделите.
Собраните средства се донирани за поддршка на лекувањето на Ева – како симбол на заедништво, хуманост и надеж.
Оваа иницијатива е уште една потврда дека вработените во оваа установа покрај професионалната грижа, носат
и големо човечко срце.
Кога сме заедно во хуманоста – даваме надеж, сила и верба.
На Ева и посакуваме многу сила, храброст и успешно закрепнување.